Голем пожар вечерва во Македонија – ЦУК со најнови информации

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, информира дека пожарот во селото Челопеци, Општина Кичево, е делумно ставен под контрола.

Според него, огнот во делот кај складот е изгаснат, но пожарот кон шумскиот предел и понатаму е активен, зафаќајќи нискостеблеста шума.

Во вечерните часови, екипа од припадници на Армијата на Република Македонија ќе остане на терен како противпожарно дежурство.

За утре наутро е планирана засилена воздушна поддршка во гаснењето,

со ангажирање на два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, два ЕР-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Армијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде