Малолетници од 15 и 17-годишна возраст се дел од осомничените за убиството во Тетово

Двајца малолетници се меѓу четворицата уапсени за убиството кое се случи Тетово, а при кое има уште тројца повредени.

Од МВР псоочуваат дека тие се на возраст од 15 и 17 години.

Попладнево, тие се изведени и пред судија на претходна постапка при тетовскиот суд.

На 11.08.2025 во периодот од 12:50 до 15:00 часот во с.Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка која се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.

При претресите биле лишени од слобода две женски лица, А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с.Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката”, велат од МВР

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде