За денеска најавен пороен дожд во Македонија – еве во кои делови

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во почетокот на новата седмица. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде