Познато од кој град е Македонецот кој бил мачен па егзекутиран во Боливија

Тројцата мажи кои беа пронајдени мртви во куќа во предградие во градот Санта Круз во Боливија, биле мачени, а потоа застрелани , покажа обдукцијата.

Обдукцијата утврди дека една од жртвите починала од прострелна рана во главата.

Другите две починале како резултат на повеќекратни повреди на главата и повеќекратни повреди предизвикани од удар со тап предмет, повреди што укажуваат на тортура, соопшти обвинителот назначен за истрагата, Херланд Родригез.

Регионалните медиуми објавија дека се работи за 43-годишниот Дејанчо Лазаревски од Струмица, познат под прекарот „Македонец“ и двајца српски државјани – Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш, познат како „Итри“, и уште едно лице, чии податоци сè уште не се потврдени, но се сомнева дека користел фалсификувани документи.

Бруталноста со која е извршено злосторството ја наведува полицијата да се сомнева дека станува збор за пресметка, веројатно поврзана со транснационални нелегални активности, иако засега не е исклучена ниедна теорија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде