Утрово три силни земјотреси – еве каде е епицентарот

Утрово се регистрирани три земјотреси со јачина поголема од пет степени според Рихтеровата скала.

Најновиот, трет земјотрес, се случи во 10:12 часот по локално време, односно во 2:12 часот по московско време, објави Интерфакс.

Земјотресот со јачина од 5,1 степени имаше епицентар на 127 километри источно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир, на длабочина од 10 километри под морското дно.

Земјотресот беше почувствуван на Парамушир со јачина од два до три степени, но не беше издадено предупредување за цунами.

Два други земјотреси, со јачина од 5,2 и 5,3 степени, беа претходно регистрирани во истата област, од кои еден беше почувствуван и во Парамушир.

Во ниту еден случај немаше предупредувања за цунами.

Засега нема извештаи за штети или повредени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде