Конечно врнежи од дожд – УХМР утрово ја објави најновата прогноза

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во првите два дена од новата седмица времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде