БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ: Пороен дожд, град и ветер – Доаѓа невреме во Македонија

Времето за претстојниот викенд ќе биде претежно сончево, но не и целосно стабилно.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи во попладневните часови.

Сепак, значителна промена и поголема дестабилизација на времето се очекува на почетокот на следната недела, кога ќе има услови и за локално невреме со град и засилен ветер.

За викендот (сабота и недела): Ќе преовладува сончево време со умерена облачност.

Во попладневните часови, главно во планинските предели, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Почеток на следната недела (понеделник и вторник): 

Времето ќе биде променливо облачно и значително понестабилно. На повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.

Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со можност за појава на град и засилен ветер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде