Полициската управа на Црна Гора го идентификуваше 18-годишниот Андреј Танасковски, државјанин на Македонија, како осомничен за обидот за убиство на 56-годишниот Марко Љубиша, познат како Кан, од Будва.
Настанот се случил на 7 август 2025 година во хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Пржно, при што жртвата се здобила со повреди на главата.
Полицијата апелира до граѓаните веднаш да пријават доколку го забележат осомничениот или ако побара сместување, предупредувајќи дека намерно прикривање информации може да биде кривично дело.
„Полициската управа, по идентификувањето и гонењето до обвинителството на осомничениот сторител на кривичното дело обид за убиство – А.Т. (18), државјанин на Македонија, кој избега вооружен,
ги повикува граѓаните веднаш, доколку имаат сознанија дека тој изнајмил сместување или на друг начин престојува во објекти на територијата на Црна Гора, да достават информации за ова лице до најблиската полициска станица, преку дежурниот број 122 или анонимно на бројот 19969“, соопшти полицијата.
Фото: Социјални мрежи
