Страотна сообраќајна несреќа – едно лице го загуби животот

На 15.08.2025 во СВР Велес е пријавено дека  околу 15:48 часот на регионалниот пат  Велес – Градско, наспроти наплатна станица Стоби, мотоцикл со велешки регистарски ознаки,

управуван од Д.Н.(52) од Градско, удрил во патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, кое од страна на Ј.К.(37) од Градско било паркирано надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал Д.Н.. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт,

по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен е увид од јавен обвинител, во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде