Во страшна сообраќајна несреќа на патот кај белградската населба Батајница, според неофицијални информации, загинале двајца браќа од Угриновци кои биле во згмечен автомобил.
Според репортерот на „Блиц“ од местото на несреќата во близина на Батајница, браќата биле на возраст од 17 и 19 години.
Сликите од местото на настанот се застрашувачки, сè е полно со стакло, крв и парчиња пластика кои биле расфрлани од силата на ударот.
Возачот на камионот што учествувал во сообраќајната несреќа бил однесен во полициска станица за да му бидат направени тестови за алкохол и дрога,
а причина за несреќата, според првичните информации, била несоодветната брзина со која автомобилот се движел во кривина.
Ве потсетуваме дека сообраќајната несреќа се случила денес околу 14 часот на патот Батајница – Бусије .
