Важна информација за сите кои скенираат фискални сметки

Важна информација за сите кои скенираат фискални сметки

Грешка при верификација, сметката е скенирана или пак бар кодот на фискалните сметки едноставно не се вчитува.

Ова се проблемите со кои се соочуваат дел од граѓаните, кои се обидуваат да скенираат сметки за Мој ДДВ.

Ваквата состојба се провлекува извесен период наназад, што создава нервоза и нетрпеливост кај луѓето, кои преку оваа мерка се обидуваат да повратат дел од платениот ДДВ.

Причината за сите овие проблеми лежи во самата апликација Мој ДДВ, која треба да се прилагоди и ажурира, за да функционира нормално.

Управата за јавни приходи (УЈП) објави дека е достапна нова верзија на мобилната апликација „МојДДВ“, наменета за корисниците кои се соочија со технички потешкотии при скенирање на фискалните сметки во изминатиот период.

Граѓаните кои имаа проблеми со функционирањето на апликацијата, да ја ажурираат „МојДДВ“ преку официјалните дигитални продавници, соодветно на типот на уредот што го користат:

Google Play Store – за Android уреди

Ажурираната верзија содржи технички подобрувања кои треба да го олеснат скенирањето и да го подобрат целокупното корисничко искуство – информираат од Управата.

Од друга страна, оние корисници кои не забележале никакви проблеми, можат и понатаму да ја користат апликацијата без потреба од дополнителни интервенции.

Претходно, кон крајот на јули, УЈП информираше дека дека мобилната апликација „МојДДВ“ работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работеше на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.

Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање, објаснуваат од УЈП.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде