Денеска невреме – еве во кои делови од Македонија

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Попладне, претежно во западните региони ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, јавува УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде