Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималните дневни температури ќе се движат од 20 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени Целзиусови.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури до 34 Целзиусови степени.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
