Страотна несреќа, 22-годишно момче итно пренесено во болница

Вчера по полноќ настрада млад возач во сообраќајна несреќа. 

– На 17.08.2025 во 01:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на угостителски објект, патничко моторно возило „мерцедес” со германски национални ознаки, управувано од А.С.(22) од с.Ростуше, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.С., констатирани во Ургентен центар во Гостивар, извстија од полицијата во дневниот билтен. 

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде