Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималните дневни температури ќе се движат од 20 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
УХМР СО НАЈНОВА ВЕСТ:
Нестабилност во западниот дел од земјата проследена со дожд грмежи и можна појава на суградица, јужниот дел од Скопје и поинтензивни процеси во Македонска Каменица.
