Момче од Охрид на 20 годишна возраст е втора жртва во големата сообраќајна трагедија што се случи денеска попладнето на патот Ресен – Битола на еден километар после Макази во правец кон Битола, објави АПЛА.мк
Официјално за „Апла“ СВР Битола потврди дека има две жртви во сообраќајната несреќа.
-На 18.08.2025 во 13,09 часот случена е сообраќајна незгода на патот АЗ Битола- Ресен кај м.в.Слечиште, помеѓу патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки управувано од 52 годишен битолчанец со место на живеење во Германија, кој починал на лице место.
Другото возило е опел со охридски ознаки во кое биле две лица на 20 годишна возраст од Охрид. Едно од двете лица родено 2005 година починало во Клиничка Болница Битола“, соопшти официјално Сања Стаматова за https://apla.mk/
Фото: Илустрација
