Страшна сообраќајна несреќа во североисточниот дел на Грција, одзеде три животи, откако се запалиле по судар кој се случил меѓу градовите Ксанти и Комотини.
Според грчките медиуми, се судриле два автомобила и еден камион, по што возилата се запалиле.
Тројца од четворица патници во автомобил загинаа во пожарот , додека возачот на истото возило беше тешко повреден.
Возачот на камионот, исто така, е тешко повреден, додека уште четири лица вклучени во несреќата се однесени во болница со полесни повреди.
Пожарот се проширил и на подрачјето околу автопатот, на земјоделско земјиште.
