На 18-ти август 2025 година, во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влезот за селото Ботун, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од страна на В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија,
товарно возило „МАН“ со приклучно возило „Кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од скопското село Студеничани, патничко возило „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(74) од Скопје и патничко возило „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од охридското село Лескоец.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч.(71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „Рено“, В.Т.(48) од охридското село Лескоец, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
