Вчера на магистралниот пат Охрид-Кичево, веднаш по влезот за село Ботун, се случила сообраќајна несреќа меѓу четири возила.
Во несреќата учествувале патничките возила Volkswagen Passat со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф. (50) од Холандија; Mitsubishi со скопски ознаки, управувано од З.Ч. (74) од Скопје;
Renault со охридски ознаки, управувано од Г.Т. (48) од с. Лескоец, и товарното возило MAN со приклучно возило Krone со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (25) од с. Студеничани.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на Mitsubishi З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч. (71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од Renault, В.Т. (48). Сите повредени биле пренесени и згрижени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
На местото на настанот извршен е увид.
