На 19-ти август 2025 година, во 17:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на селото Сретково,
патничко возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 54-годишниот З.Ј. од Охрид, удрило во бетонски потпорен ѕид.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката, 52-годишната Л.Ј. и сопатникот, 25-годишниот С.Ј., двајцата од Охрид, додека со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка, 18-годишната С.Ј. од Охрид, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар, информираат од МВР.
