12-годишно девојче е тешко повредено откако било удрено од млад мопедист.
Како што известија од полицијата, вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево,
мопед „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(18), удрил во пешак-12-годишна малолетничка, двајцата од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
