Вечерва тешка сообраќајка – првични информации

Вечерва во скопската населба Радишани, во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа во која тешко повредено е 15-годишно дете, објави 4News.mk

Според првичните информации, малолетникот управувал мотор кога во него удрил автомобил.

Момчето паднало на земја, додека моторот бил целосно оштетен.

Очевидци за „4NEWS.mk“ посочуваат дека повредите биле сериозни, по што веднаш било пренесено во болница со Брза помош.

Засега нема официјални информации за здравствената состојба на детето.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде