Огромна трагедија: Фудбалер (30) почина ненадејно пред очите на својата мајка

Светот на фудбалот беше шокиран од вестите од Италија – Лука Алуизи почина ненадејно во среда, пред очите на неговата мајка во семејниот дом.

Според информациите објавени од „Дејли меил“, мајката на младиот фудбалер веднаш повикала брза помош откако тој одеднаш се онесвестил, но лекарите за жал не можеле да го спасат.

Причината за смртта е сè уште непозната и ќе се утврди со понатамошни истраги.

Алуизи потпиша договор со италијанскиот тим од пониската лига Кастел Азар пред неколку дена, но никогаш не се појави на својот прв тренинг.

Неговата ненадејна смрт ги остави клубот, неговите соиграчи и навивачите во шок.

Кастел Азара издаде соопштение за трагедијата, изразувајќи ја својата длабока тага:

„Длабоко сме погодени од трагичната вест. Лука Алуизи беше подготвен да го облече нашиот дрес и да започне нова спортска авантура. Клубот изразува сочувство до семејството и ја дели тагата поради ненадејната загуба на Лука.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде