Тешка сообраќајка, 21-годишно момче пренесено во болница

Млад скопјанец кој возел мотоцикл е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер. 

– На 20.08.2025 околу 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Гемиџиска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, 

управувано од Ш.К.(58) од Скопје и мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Г.(21) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од уводна екипа на СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде