Македонија во тага: Загина еден од најдобрите македонски боксерски репрезентативци

Македонскиот бокс е во жалост поради веста за смртта на 19-годишниот Еди Насуфи, кој загина во сообраќајна несреќа што се случила во последниве денови.

Насуфи беше редовен член на македонската боксерска репрезентација во повеќе возрасни категории и важеше за еден од најперспективните таленти во спортот.

Своите први чекори во боксот ги направи во клубот „Синди“ од Струга.

Сочувство до неговото семејство изрази и фудбалскиот клуб Струга Трим Лум, кој преку социјалните мрежи се прости од младиот спортист.

Еди Насуфи потекнуваше од струшкото село Велешта, а боксерската јавност во Македонија го гледаше како иднина на спортот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде