Вчера во Кавадарци, на градилиште на улицата „Нов Белград“, беше пронајдена корозирана авионска бомба.
Случајот го пријавил 39-годишниот Т.Д. од Кавадарци.
На местото излегла увидна екипа од ОВР Кавадарци,
а денеска бомбата била безбедно подигната од пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување од Битола.
