Тешка сообраќајна несреќа, има повредени
На 23.08.2025 во 17:05 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Р-1204 се случила сообраќајна несреќа помеѓу „Фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки,
управуван од С.С. (30) од с. Ерџелија и „Шкода“ исто така со светиниколски регистарски ознаки, управувана од Д.Ф. (38) од с. Мустафино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Шкода“-та, С.Ф., додека со полесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Е.С., С.С. и З.С. Повредените биле пренесени и прегледани во Клиничката болница во Штип.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а причините се утврдуваат.
