ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа

На 22 август 2025 година, околу 18:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Долно Блаце,

патничко возило „фолксваген голф“ со германски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната Б.С. од Косово, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен со возило на Итна медицинска помош од Косово во најблиската болница, каде што во 20:20 часот им подлегнал на повредите.

Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Возачката Б.С. се здобила со повреди, констатирани во приватна болница во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и екипа на СВР Скопје, а се работи на расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде