Голема акција на Финансиската полиција во општина Липково, Куманово и Желино.
Екипи на Финансиската полиција вршат претреси на повеќе локации поврзани со даночно затајување и измама.
Според неофицијалните информации, акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група на фирми кои се занимаваат
со набавка и продажба на нафтени деривати и кои се сомничат за криминал вреден над седум милиони евра.
Акцијата била реализирана на осум различни локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак.
