За денеска најавен дожд – еве во кои делови од Македонија

Сончево со мала до умерена облачност.

Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде