Малолетничка, тинејџерка и уште една повозрасна жена се повредени откако возило управувано од 38-годишна скопјанка излетал на локален пат во скопско.
Како што информираа од полицијата, вчера во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат кој ги поврзува село Ракотинци и село Добри Дол, скопско,
патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната В.Ј. од Скопје излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзините сопатнички С.З.(64) и 16-годишна малолетничка, додека сопатничката С.З.(18) се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
