Масовна тепачна на плажа помеѓу седум мажи од Балканот

Седум мажи – тројца Хрвати, двајца Срби, еден Црногорец и еден Босанец беа приведени на хрватскиот остров Паг поради тепачка и нарушување на јавниот ред и мир.

Инцидентот се случил во неделата наутро во камп во Повљана. Според полицијата, прво дошло до вербален и физички конфликт меѓу тројца Хрвати (19, 24 и 30 години) и еден Србин (25) со вработен во кампот. Потоа им се придружиле уште еден Србин (27), Црногорец (32) и Босанец (26), по што тепачката прераснала во поголем хаос и оштетување на инвентар.

Учесниците биле уапсени уште наутро, а кај повеќето било утврдено присуство на алкохол. Тројца од нив добиле полесни телесни повреди и биле згрижени од медицинска екипа.

Ова не бил првиот инцидент – неколку часа претходно, околу 3 часот, дел од истите лица направиле неред и во еден ресторан во Повљана.

Против сите е поднесена кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а 24-годишниот Хрват е дополнително обвинет и за кршење на Законот за сузбивање на дискриминацијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде