Се шири пожарот кон Карпалак – ЦУК вечерва со најнови информации

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека пожарот кај село Церово се шири кон Карпалак и скопскиот регион, но оти засега нема загрозени населени места или објекти.

Екипите на терен работат на локализирање на пожарот, а директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, ја следи ситуацијата од терен и е во постојана комуникација со теренските екипи.

Утре наутро се планира интервенција и со воздушни средства, а авион-ер тракторот ќе биде ангажиран рано изутрина, информираат од ЦУК.

Како што наведуваат од ЦУК, сите засегнати служби остануваат на терен и ја следат состојбата за брза и ефикасна реакција.

Пет активни пожари има вечерва на територијата на државата, три се ставени под контрола, а 19 се изгаснати.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во кај селото Церово, Општина Желино (ниска вегетација и мешана шума), во кај селото Оздолени, Општина Дебарца (ниска вегетација), во селото Добри дол во Општина Врапчиште (ниска вегетација и стрниште), кај селото Могила во Општина Могила (стрниште) и кај езерото во Прилеп (ниска вегетација).

а

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде