Тешка несреќа, 15-годишно момче итно пренесено во болница

Денеска (29.08.2025) околу 03:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Радојца Новичиќ“ во

Охрид се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 15-годишен малолетник од Канада, со престој во селото Долно Лакочереј.

Малолетникот, управувајќи мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, удрил во лисица и паднал на коловозот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде