УЖАС: Со тупаници и шлаканици ја истепал својата бремена сопруга и избегал

Основното јавно обвинителство во Скопје покрена постапка против маж од Република Хрватска, осомничен за кривично дело – телесна повреда. Случајот се случил во домот во Скопје, каде што осомничениот физички ја нападнал својата бремена сопруга.

Според информациите, насилството започнало со повишен тон, по што следувал физички напад со тупаници и шлаканици по главата и телото.

Во текот на инцидентот, осомничениот продолжил со насилството, силно притискајќи ја за вратот, иако бил свесен дека неговата сопруга е во петтиот месец од бременост. Во еден момент, тој ја фрлил насилно во креветот, при што ја удрил главата од ивицата на креветот. Нападот завршил кога жената почнала да крвари, по што успеала да се затвори во тоалетот и да повика помош.

По повикот за помош, осомничениот избегал од станот. Според лекарските извештаи, жената имала бројни повреди на главата, а исто така биле констатирани и повреди на плацентата, што предизвикува загриженост за здравјето на плодот. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд во Скопје поднел предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде