Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени – еве каде е епицентарот

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на отворено море во Тихиот Океан, источно од островот Хоншу.

Епицентарот бил на длабочина од 35 километри , околу 11 километри од градот Сендај со околу милион жители.

Нема информации за повредени или евентуална материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде