Пријателите и роднините во шок и неверување – почина познатиот македонски доктор

Со длабока тага и неверување македонската јавност ја прими веста за прераната смрт на д-р Виктор Исјановски, истакнат психијатар, професор, долгогодишен здравствен работник и поранешен претседател на СДСМ Карпош.

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ, а сега пратеник, Димитар Ковачевски, во својата порака истакна дека Исјановски ќе биде паметен како позитивен и професионален човек.

„Како лекар, тој се грижеше за менталното здравје на граѓаните, а во најтешко време на пандемија успешно ја водеше најголемата здравствена установа во главниот град.

Ќе го паметиме како секогаш позитивен, насмеан и професионален семеен човек, лекар и другар,“ напиша Ковачевски, упатувајќи сочувство до семејството, пријателите и колегите.

Од општинската организација на СДСМ – Карпош порачаа дека неговото заминување е ненадоместлива загуба. „Виктор беше пример за човек со визија, знаење и посветеност.

Како лекар, тој несебично се грижеше за менталното здравје на граѓаните; како лидер во здравството, со достоинство ги водеше институциите во најтешките времиња, а како партиски активист, беше глас на разумот, единството и напредокот. Почивај во мир, другар Виктор. Твоето дело ќе живее вечно.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде