Семејството на докторот Виктор Исјановски, кој почина во Грција, со неверување, се прости од својот сопруг и татко.
Споделувајќи ја објавата, неговата ќерка Мила Исјановска напиша „Ќе те сакам бескрајно тато!“.
Емотивна порака објави и неговата сопруга Милка, која напиша „Нема живот за тебе, чекај ме љубов моја, една и единствена“.
И кошаркарот Перо Антиќ, кој ја споделил и последната фотографија со Исјановски од таверна во Грција, објави порака, со фотографија од плажа „Почивај во мир, братче мое“.
Исјановски, вечерта пред да почине бил во друштво на Антиќ и Владимир Ристов – Камењар. Дружбата била во грчка таверна и ништо не навестувало на ваква трагедија.
