Страотни сцени: Снимен моментот на силниот земјотрес во Авганистан, најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, а над 1.500 се повредени, соопштија официјални лица. Хеликоптери евакуираат ранети од урнатините, додека спасувачите бараат преживеани.

Катастрофата дополнително ќе го зголеми притисокот врз земјата која веќе се соочува со хуманитарна криза, од намалена странска помош до присилно враќање на бегалци од соседните држави.

Министерството за внатрешни работи под контрола на Талибанците соопшти за 622 загинати, додека претходно државната телевизија РТА информираше за околу 500 жртви.

Во Кабул, здравствените власти јавија дека екипите тешко стигнуваат до оддалечените села во регионот, кој има долга историја на земјотреси и поплави.

Објавени се снимки од надзорни камери на кои се гледа силното тресење, меѓу нив и видео од покраината Кунар, една од најпогодените.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде