Утрово тешка сообраќајка – има повредени

Од полицијата со детали за сообраќајката која утрово се случи во скопски Карпош во која е повреден мотоциклист. 

– Денеска (02.09.2025) во 07:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.С. и моторцикл управуван од С.П.

Во несреќата со телесни повреди повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде