Стигна потврда: Големо зголемување на платите на овие вработени

Фејсбук објава на градоначалникот Костадинов:

Хероите на Струмица нашите пожарникари спасители од септември ќе ја добијат заслужената награда за својата храброст и пожртвуваност. Со новите решенија тие ќе бидат најплатени во Македонија, со месечна плата од 80.000 денари. Тоа е најмалку што можеме да направиме за луѓето кои секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за да спасат туѓ.

Истовремено, потпишани се решенијата и за сите вработени во општинската администрација, кои согласно колективниот договор ќе добијат 20% зголемување на платите. Тоа е порака дека трудот и посветеноста во служба на граѓаните не остануваат незабележани.

Знам дека ниту една бројка не може да ги надомести сите стресови, ризици и одговорности. Но ова е доказ дека Струмица знае да каже благодарам не само со зборови, туку и со дела.

Ова не е само финансиска одлука. Ова е симбол на почит. Симбол на вреднување. Симбол на нова ера во која храброста и чесниот труд стојат на пиедестал.

Од денеска секој пожарникар спасител и секој вработен во општината знае дека нивниот град стои зад нив, со почит, со благодарност и со дела што траат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде