Лидл започнува изградба на уште еден маркет – еве во која општина

Германската компанија „Лидл“ денеска во Реонскиот центар во општина Аеродром ќе постави камен-темелник на нов продажен објект.

Како што беше најавувано, маркети на „Лидл“ ќе има и во Куманово, Кавадарци, Битола, Гази Баба, Тетово, Кичево, Велес, Штип, Струмица, Гостивар, Охрид.

Во близина на Куманово, компанијата гради и логистички центар во вредност од 80 милиони евра. Центарот се протега на површина од 63.000 квадратни метри, а таму ќе работат над 150 лица.

Лидл е дел од Schwarz Group која е една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12 350 маркети и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Во Лидл има околу 375 000 вработени на меѓународно ниво.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде