Од Управата за худрометоролошки работи (УХМР) пред малку најавија нестабилност која ќе го зафати Скопје.
„Нестабилност проследена со дожд грмежи и можна појава на суградица во планинскиот дел западно од Матка со правец од југ кон север“, информираа од УХМР.
Променливото време се очекува попладне и во текот на ноќта.
Од градските служби, пак, ги информираат граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици.
Од таму додаваат дека доколку се забележи паднато дрво соодветно да се пријави во ЦУК на телефонскиот број 112, или на дежурните телефони објавени на веб страната на ЈП Паркови и зеленило.
