УХМР известува за нестабилност во западниот дел на Македонија.
Нестабилна облачна маса во југозападниот и западниот дел проследена со дожд ,грмежи и засилен ветер, објави УХМР.
За утре метеоролозите најавуваат дека на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
