Тешка сообраќајна несреќа, 28-годишно момче итно пренесено во болница

28-годишник од Скопје е тешко повреден откако паднал од мопед.

– На 04.09.2025 околу 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Нерези-Скопје,

Д.Д.(28) од Скопје, управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од МВР. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде