Вечерва изби голем пожар, се бара итна помош

Градоначалникот на Берово известува дека голем пожар изби во беровскиот регион.

„АПЕЛ до граѓаните да се вклучат во гаснењето на пожарот, кој избувна на месноста Гарваново андак.

Според информациите од ТППЕ Берово, кои во цел состав се на терен, заедно со ШС Малешево од Берово и Пехчево, пожарот брзо се шири накај Градишчето и Трсавица.

Доколку во најскоро време не се стави под контрола, може да биде фатално, поради густата брица која ја има во овој дел.

Потребна е помош, за гаснење на пожарот, па се молат, сите кои се во можност, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот, заедно со нашите пожарникари.“, стои во објавата на Пекевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде