УХМР најавува дожд и грмежи – еве на кои места во Македонија

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје, претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температури до 35 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде