Битката со огнената стихија во фабриката „Макпрогрес“ во Виница вечерва доби драматичен тек, откако најмалку четворица пожарникари се повредени за време на интервенцијата.
Според првичните неофицијални информации од терен, пожарникарите се здобиле со повреди откако се заглавиле во стопен шеќер што истекувал од погоните на „Винчини“,.
Вистинска драма се одвивала кога пожарникари од Штип, Кочани и Свети Николе, кои влегле во жариштето на пожарот, останале заглавени во лепливата, жешка смеса.
Според извори од терен, нивната соодветна заштитна опрема спречила уште потешки последици.
