Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,
преку сеизмолошките станици одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 20:39 часот регистрира земјотрес.
„Епицентарот е во кичевското подрачје, на околу 75 километри југозападно од Скопје.
Магнитудата на земјотресот изнесувала 2.7 степени според Рихтеровата скала,“ информираат од Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Кичево, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
