Последна вест: Во пожарот во Виница повредени 18 лица

Вкупно 18 лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот што избувна доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница.

Дел од нив се задржани во Кочани, а шестмина се префрлени на клиниките во Скопје. Според лекарите, сите се во стабилна состојба.

„Петмина се задржани на хирургија, четворица од нив со изгореници на нозете од прв и втор степен, а еден со инхалациони повреди.

Други петмина се згрижени на интерното одделение со токсиколошки наоди од вдишување чад. Шест лица веднаш беа препратени во Скопје, а останатите по интервенцијата заминаа дома,“ изјави за МИА д-р Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог и раководител на одделението за анестезиологија и реанимација во Општата болница во Кочани.

Таа не прецизираше колку од повредените се пожарникари, а колку вработени во „Макпрогрес“.

Пожарот избувна вчера околу 18:40 часот во магацините и производствените погони на фабриката, а во неговото гаснење учествуваа противпожарни единици од Виница и од неколку соседни општини.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде